tighten - онтологија

затега повеќе

Види и: затегне (св.)
затегаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Прави нешто да биде напнато.
Албански: shtrëngojë
Примери:
Одвреме-навреме ги затега дизгините на коњот.
(се затега) Станува нешто напнато.
Албански: tensionoj
Примери:
Таа чувствуваше дека постепено ѝ се затегаат нервите.

затегне повеќе

Види и: тегне (несв.)
затегнат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи да стане нешто напнато, оптегнато.
Албански: shtrëngojë
Примери:
Малку ги затегна дизгините на коњот и тој застана.
(се затегне) Стане нешто напнато, оптегнато.
Албански: shtrëngojë, tensionoj
Примери:
Му се затегнаа густите веѓи.

напне повеќе

напнат
Вид збор: Глагол, свршен
Силно оптегне (лак, жица, платно).
Албански: shtërngoj
Примери:
Ветрот ги напна платната и коработ мирно заплови.

настега повеќе

настегаат
Вид збор: Глагол, свршен
Со стегање, притискање направи во мал простор да собере нешто во поголемо количество.
Албански: shtrëngoj
Примери:
Ги настега кошовите со тутун.
(се настега) Се собере, се смести во мал простор, се збие.
Албански: shtrëngoj, ngushtoj
Примери:
Сите се настегаа во автобусот.

натега повеќе

натегаат
Вид збор: Глагол, несвршен
затега, оптега
Албански: shtrëngoj

натегне повеќе

натегнат
Вид збор: Глагол, свршен
Затегне, оптегне, напие.
Албански: shtrëngoj
Примери:
Убаво ја натегна жицата на оградата.

опне повеќе

опнат
Вид збор: Глагол, свршен
Затегне, доведе нешто во затегната, оптегната состојба.
Албански: shtërngojë
Примери:
Тромите прсти удрија по опнатите жици.
За шатор - оптегне, растегне.
Албански: tendos
Примери:
Го упатија кон она шаторско крило што го опнаа под една карпа.

подзатега повеќе

Види и: затега (несв.)
подзатегаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Затега малку, донекаде или одвреме-навреме.
Примери:
Одвреме-навреме го подзатега јажето со кое го води добичето.
(се подзатега) Се затега малку, само донекаде.
Примери:
Конецот се подзатега, се напнува.

подзатегне повеќе

подзатегнат
Вид збор: Глагол, свршен
Затегне малку, донекаде.
Примери:
Ја подзатегна жицата со која ја врзуваше оградата.
(се подзатегне) Се затегне малку, донекаде.
Примери:
Јажето се подзатегна.
(се подзатегне) Се затегне, се заостри малку, донекаде одвивањето на некое дејство.
Примери:
Се подзатегнаа работите на границата.

пооптегне повеќе

Види и: оптегне (св.)
пооптегнат
Вид збор: Глагол, свршен
Оптегне, затегне малку, до некој степен.
Албански: shtrëngojë
Примери:
Тој ги пооптегна дизгините.

попритегне повеќе

Види и: притегне (св.)
попритегнат
Вид збор: Глагол, свршен
Притегне, пристегне уште малку, малку посилно.
Примери:
Тој ги попритегна малку дизгините.

постесни повеќе

Види и: стесни (св.)
постеснат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи малку потесен, стесни уште малку.
Албански: ngushtoj pak, mbledh
Примери:
Постесни го кругот.
Собере малку повеќе луѓе на помал простор.
Албански: tuboj, grumbulloj, mbledh
Примери:
Тој ја постесни колоната луѓе.
(се постесни) Се стесни, се збие малку, донекаде.
Албански: ngushtohem, mblidhem
Примери:
Другите се постеснија за да им направат место на масата.

потстегне повеќе

потстегнат
Вид збор: Глагол, свршен
Стегне малку во мала мера.
Албански: shtërngoj
Примери:
Потстегни го обрачот.

престегне повеќе

престегнат
Вид збор: Глагол, свршен
Цврсто стегне, обвие околу нешто.
Албански: shtërngoj fort
Примери:
Ги престегна добро своите обувала.
Повторно стегне.
Албански: rishtrëngoj
Примери:
Тој ги престегна завртките, зашто се беа разлабавиле.

пристегне повеќе

пристегнат
Вид збор: Глагол, свршен
Стегне посилно, малку повеќе.
Албански: shtrëngoj më tepër
Примери:
Го пристегна ременот.
Заостри дисциплина, воведе построг ред.
Албански: shtërngoj, disciplinoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Пристегни го синот да не тргне по лош пат.

притега повеќе

Види и: притегне (св.)
притегаат
Вид збор: Глагол, несвршен
притегне

притегне повеќе

притегнат
Вид збор: Глагол, свршен
Стегне нешто отпуштено, одврзано, олабавено.
Албански: shtrëngoj
Примери:
Ги притегна јажињата на товарот.
Заостри дисциплина, направи некој да постапува како што се бара.
Албански: shtrëngoj
Употреба: Преносно значење , Разговорно

притесни повеќе

притеснат
Вид збор: Глагол, свршен
Стесни, намали простор за живеење, доведе во тесно.
Албански: ngushtoj
Примери:
Вечерва ве притеснивме, ама утре пак сте на широко.

стегне повеќе

стегнат
Вид збор: Глагол, свршен
Обвие нешто со јаже, обрач и сл.
Албански: ngushtoj
Примери:
Ја стегна бочвата.
(се стегне) За конец, јаже, ремен - се оптегне.
Албански: shtrëngoj
Примери:
Се стегнаа јажињата и испукаа.