transport - онтологија

вози повеќе

возат
Вид збор: Глагол, несвршен
Носи, пренесува некого или нешто со превозно средство.
Албански: vozis, transportoj
Примери:
Со автобусот возам патници и стока преку граница.

дотера повеќе

дотераат
Вид збор: Глагол, свршен
Донесе некого или нешто со товарно животно или со превозно средство.
Албански: mbart
Примери:
Дотерав два товара дрва.

носи повеќе

носат
Вид збор: Глагол, несвршен
Со некакво средство (товарно, превозно и сл.) дотерува, довезува, е превезуван.
Албански: transporton
Примери:
Ранетите ги носеа на носила.

однесе повеќе

однесат
Вид збор: Глагол, свршен
Одведе или превезе некого со превозно средство.
Албански: çon, transporton
Примери:
Службеникот ја однесе странката до шалтерот.
Превезе нешто.
Албански: transporton
Примери:
Однесете го мебелот од магацинот во продавницата.

превезе повеќе

превезат
Вид збор: Глагол, свршен
Превезе некого или нешто од едно место на друго со помош на превозно средство.
Албански: transportoj
Употреба: Транспорт

превозува повеќе

Види и: превезе (св.)
превозуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
превезе

пренесе повеќе

пренесат
Вид збор: Глагол, свршен
Премести некого во мислите на друго место и во друго време.
Албански: transportoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Приказната ги пренесе децата во светот на самовилите.

префрли повеќе

префрлат
Вид збор: Глагол, свршен
Пренесе некого или нешто од едно на друго место.
Албански: transportoj, hedh
Примери:
Дедо ми го префрливме во болница.

транспортира повеќе

транспортираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Врши транспорт, превоз, испраќа со транспорт.
Употреба: Транспорт