travel - онтологија

исшета повеќе

исшетаат
Вид збор: Глагол, свршен
(се исшета) Се прошета.
Албански: udhëtoj, shetis
Примери:
Се исшета по светот, па повторно се врати дома.

оди повеќе

одат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се пренесува од едно место на друго со превозно средство (за луѓе - патува, се вози).
Албански: udhëtoj
Примери:
На работа оди со велосипед.

пат повеќе

мн. патишта
Вид збор: Именка, машки род
патување
Албански: udhëtim
Примери:
Тргнал на пат. До селото има три часа пат.

патен повеќе

патниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на пат.
Примери:
Патна сметка.

патува повеќе

патуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Пеш или со превозно средство.
Албански: udhëtoj
Примери:
Патува со воз, со автомобил.
(разг) Пат патува.
Албански: udhëtoj, rrugëtoj
Употреба: Преносно значење , Разговорно
Примери:
Има долг пат да патува.

плетка повеќе

плеткаат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се плетка) се шета, патува
Албански: udhëtoj
Примери:
Се шуткал, се плеткал по белиов свет.

плови повеќе

пловат
Вид збор: Глагол, несвршен
За човек - патува со лаѓа, брод.
Албански: lundron, udhëton
Примери:
А потоа морепловните пловеле на север.

пропатува повеќе

пропатуваат
Вид збор: Глагол, свршен
При патување помине низ некое место, земја.
Примери:
Како репортер го пропатува целиот свет.

прошета повеќе

Види и: шета (несв.)
прошетаат
Вид збор: Глагол, свршен
Помине низ места, градови, држави и сл.
Албански: shëtis, udhëtoj
Примери:
Тој се фалеше дека ја прошетал цела Европа.

тегли повеќе

теглат
Вид збор: Глагол, несвршен
тргнува, поаѓа, патува
Албански: nisem
Употреба: Дијалектен збор
Примери:
Утре рано теглиме за Куманово.

шета повеќе

шетаат
Вид збор: Глагол, несвршен
оди, обиколува
Албански: udhëtoj, ecë
Примери:
Сум ги шетал јас тие места.