заразврзат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да разврзува, да одврзува.
Примери:
Тој го заразврза јажето.
одбрадат
Вид збор: Глагол, свршен
Одврзе, симне од глава шамија, шал одврзувајќи ги краиштата од под брадата.
Примери:
Таа го одбради девојчето и му ја расчешла косата.
одврзат
Вид збор: Глагол, свршен
Оддели, одвои нешто што било претходно врзано.
Примери:
Тој ги одврза вреќите полни со жито.
Ослободи тоа што било врзано за нешто.
Примери:
Тој го одврза магарето од дрвото.
Одмота, одвитка од нешто.
Примери:
Тој ѝ ги одврза рацете на девојката.
Извади нешто што било врзано, заврзано во нешто.
Примери:
Тој одврза сол од една крпа и ја тури во зовриената вода.
За јазик - ослободи, отпушти, почне да зборува.
Примери:
Ако го одврзе јазикот, нема сопирање.
(се одврзе) оддели, разврзе
Примери:
Чевелот ми се одврза.
(се одврзе, само во 3 л. едн.) се ослободи
Примери:
Ми (ти, му...) се одврзе јазикот - се ослободи, се отпушти, се разборува.
Вид збор: Глагол, свршен
Разврзе малку, во мала мера.
Примери:
Таа го поразврза пакетот.
Вид збор: Глагол, свршен
Разлабави малку, во некој степен.
Примери:
Откако си ги поразлабави врвките на патиките, полесно се движеше.
разврзат
Вид збор: Глагол, свршен
Ослободи, распушти нешто сврзано.
Примери:
Веднаш го разврзаа пакетот.
(се разврзе) Се ослободи од нешто сврзано.
Примери:
Штом се оддалечивме од нив, седнавме и се разврзавме.
Вид збор: Глагол, свршен
(се размота) За нешто замотано, заврзано - се развие.
Албански:
shpalos, zgjidh
Примери:
Врзопот се размотал.
расправат
Вид збор: Глагол, свршен
Уреди нешто што се замрсило - коса и сл.
Албански:
rregulloj, zgjidh
Примери:
Чекајте да си ја расправам косата.
(се) соврзат
Вид збор: Глагол, свршен
(се) одврзе, (се) разврзе
Примери:
(нар. поез.) Соврзете ми бели раце, / да засвирам шарен кавал.
Вид збор: Глагол, несвршен
(се) одврзува, (се) разврзува
Вид збор: Глагол, несвршен