Лингвистика - категорија

валенција повеќе

мн. валенции
Вид збор: Именка, женски род
Семантичко-синтаксичко својство на зборот, обично на глаголот, да отвора место во реченицата за поврзување со други зборови.
Англиски: valence Албански: valencë

варваризам повеќе

мн. варваризми
Вид збор: Именка, машки род
Туѓ збор или израз.
Албански: të huaj
Примери:
За таа цел го користел не само јазикот и дијалектите на грчкиот народ туку и јазикот и варваризмите од туѓите народи.

вербален повеќе

вербалниот
Вид збор: Придавка
Што се состои од зборови, устен.
Англиски: verbal
Примери:
вербална комуникација
Во врска со глагол.
Англиски: verbal
Примери:
вербална фраза

версификација повеќе

мн. версификации
Вид збор: Именка, женски род
Пишување, создавање стихови.
Англиски: versification Албански: vargëzim, vjershërim
Примери:
Тој е голем мајстор на версификација.
Наука за стиховите.
Англиски: versification Албански: metrikë

вокал повеќе

мн. вокали
Вид збор: Именка, машки род
Глас што се изговара без допир меѓу деловите на усната празнина така што воздушната струја поминува слободно.
Англиски: vocal Албански: zanor

вокализира повеќе

вокализираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
(се вокализира) Се претвори во вокал.
Англиски: vocalize Албански: vokalizohet
Примери:
Полувокалите или се вокализирале или се губеле.

вонјазичен повеќе

вонјазичниот
Вид збор: Придавка
Што не припаѓа, не произлегува од јазикот.
Примери:
Вонјазично значење.

вулгарен повеќе

вулгарни
Вид збор: Придавка
народен, простонароден
Англиски: common
Примери:
Вулгарен латински јазик.
а - б - в - г - д - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ш