vomit - онтологија

блуе повеќе

блујат
Вид збор: Глагол, несвршен
Повраќа, ја исфрла храната назад од желудникот.
Албански: vjellë Бугарски: бълвам
Употреба: Медицина , Разговорно
Примери:
Таа цела ноќ блуеше.
(се блуе) повраќа
Албански: vjellë
Употреба: Медицина
Примери:
Ми се блуе кога го гледам како подрипнува во одењето.

доизблуе повеќе

Види и: изблуе (св.)
доизблујат
Вид збор: Глагол, свршен
Поврати сѐ, до крај, заврши со повраќањето.

изблуе повеќе

изблујат
Вид збор: Глагол, свршен
поврати, исплука
Албански: vjellë, pështyj
Употреба: Медицина
Примери:
Луѓето изблуја сѐ што изедоа на ручекот.
(се изблуе) поврати
Албански: vjell
Употреба: Медицина
Примери:
Тој се изблу во ходникот.

исповрати повеќе

Види и: поврати (св.)
исповратат
Вид збор: Глагол, свршен
Поврати во голема мера.
Употреба: Медицина
Примери:
Исповрати сѐ што касна.

исповраќа повеќе

Види и: исповрати (св.)
исповраќаат
Вид збор: Глагол, свршен
исповрати
Примери:
Исповраќа сѐ што изеде.

поврати повеќе

повратат
Вид збор: Глагол, свршен
Исфрли низ уста храна од желудникот.
Српски: повраћати Албански: vjell Бугарски: повръщам
Употреба: Медицина
Примери:
Болниот пак повратил.
(Ми, ти, му... се поврати) Чувствува нагон да поврати.
Албански: vjell
Употреба: Медицина
Примери:
Од тоа му се повраќа.

приблуе повеќе

Види и: блуе (несв.)
приблујат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да блуе, ненадејно поврати, исфрли храна од желудникот.
Албански: vjellë
Употреба: Медицина
Примери:
Доенчето приблу млеко.
(ми, ти му се приблуе) ми (ти, му) се слоши.
Албански: më vjellet
Примери:
Ми се приблу од смрдеата.