wish - онтологија

бара повеќе

бараат
Вид збор: Глагол, несвршен
Изискува, има потреба за нешто.
Албански: lyp
Примери:
Обичајот бара така да се каже и така да се одговори.

желание повеќе

Види и: желба (ж.)
мн. желанија
Вид збор: Именка, среден род
желба
Употреба: Архаизам

желба повеќе

мн. желби
Вид збор: Именка, женски род
барање, посакување, наредба
Албански: dëshirë
Примери:
По желба на родителите, студирал медицина.

засака повеќе

засакаат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да сака, да посакува нешто.
Албански: dëshiroj, dua
Примери:
Детето засака нова играчка.

мисли повеќе

мислат
Вид збор: Глагол, несвршен
Сака, посакува некому.
Албански: dëshiron
Примери:
Мајката секогаш му мисли добро на детето.

повта повеќе

Види и: повтеж (м.)
мн. повти
Вид збор: Именка, женски род
желба, апетит, обид
Употреба: Дијалектен збор

повте повеќе

повтат
Вид збор: Глагол, свршен
Посака, почувствува желба.
Примери:
Силно му ја стегна раката, повте да го прегрне, но се воздржа.

пожели повеќе

пожелат
Вид збор: Глагол, свршен
Посака некому нешто, обично во честитки и благослови.
Албански: dëshiroj
Примери:
Ние им пожелавме среќен брак.

посака повеќе

посакаат
Вид збор: Глагол, свршен
Изрази добри желби некому.
Албански: dëshiroj
Примери:
Тие му посакаа успех во работата.

прави повеќе

прават
Вид збор: Глагол, несвршен
(се прави) Ми (ти, му, ...) се прави нешто, изразува желба да стори нешто.
Примери:
Му се правеше лозје на ридот.

сака повеќе

сакаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Има желба за нешто, чувствува потреба од нешто.
Албански: dëshirë
Примери:
Ако сакаш, дојди со нас.
посакува
Албански: dëshiron
Примери:
Од сè срце сакам да положиш.

сон повеќе

мн. соништа
Вид збор: Именка, машки род
желба, илузија
Албански: dëshirë, ëndërr
Употреба: Преносно значење
Примери:
Да стане стварност сонот негов за слобода.

текне повеќе

текна
Вид збор: Глагол, свршен
Добива волја, желба за нешто, посакува.
Албански: dëshiroj
Примери:
Му даваат од сѐ што ќе му текне за јадење.

ќеф повеќе

мн. ќефови
Вид збор: Именка, машки род
волја
Турски: keyif Албански: qejf, dëshirë
Употреба: Разговорно
Примери:
Стори му го ќефот.

фрли повеќе

фрлат
Вид збор: Глагол, свршен
Посакува нешто што му се допаѓа.
Албански: hedh
Примери:
Фрлил око на девојката.