withdraw - онтологија

затвори повеќе

затворат
Вид збор: Глагол, свршен
(се затвори) Се повлече во себе.
Албански: mbyllet në vehte
Примери:
Од некое време се затвори, со никого не разговара.

изолира повеќе

изолираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
(се изолира) Се оддели од општествена средина, влијание.
Албански: tërheq
Примери:
Тој се изолира од своето друштво и од луѓето воопшто.

исклучи повеќе

исклучат
Вид збор: Глагол, свршен
(се исклучи) Се повлече, се издвои од нешто (за човек).
Албански: tërheq
Примери:
Целосно се исклучив од сите случувања.

повлече повеќе

повлечат
Вид збор: Глагол, свршен
(се повлече) Се прибере во определен простор, објект.
Албански: anuloj
Примери:
Војската се повлече во касарната.
(се повлече) Се осами, се затвори во себе; престане да општи; да се дружи.
Албански: anuloj
Примери:
По смртта на синот, се повлече и ретко можеше да ги видиш.

прибере повеќе

приберат
Вид збор: Глагол, свршен
Се повлече, се осами во еден дел од домот.
Албански: tërheq
Примери:
Момчето се прибра во својата соба.

стутка повеќе

стуткаат
Вид збор: Глагол, свршен
повлече
Албански: tërheq
Примери:
Ја стуткал главата.
(се стутка) се скрие, се повлече
Албански: fshihet
Примери:
Се стуткал во аголот.

тегли повеќе

теглат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се тегли) се трга
Албански: tërheq
Примери:
Не се тегли со ништо.

трга повеќе

тргаат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се трга) се повлекува
Албански: tërheq
Примери:
Нема да се тргам, ќе одам до крај.