вработат
Вид збор: Глагол, свршен
(се вработи) Влезе, стапи на работа.
Албански:
punësoj, pranoj në punë
Употреба:
Економија
Примери:
Таа се вработи во банката.
мн. дела
Вид збор: Именка, среден род
Производ на духовниот труд (во областа на уметностите, на науката).
Примери:
научно дело
залебат
Вид збор: Глагол, свршен
(се залеби) Се вработи.
Примери:
Изучи за судија, но не успеа да се залеби.
(се) занимаваат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се занимава) Врши (професионално или редовно) определена дејност.
Албански:
merrem me, punoj
Примери:
Тој се занимава со трговија.
заработат
Вид збор: Глагол, свршен
Почна да работи, да функционира нешто.
Албански:
punoj, filloj me punë
Примери:
Во десет часот шалтерите на банката заработија повторно.
Почне да работи некаде.
Примери:
Тој од вчера заработил во тутуновиот склад.
(се заработи) Се занесе, се заборави работејќи.
Албански:
punoj, zhytem në punë
Примери:
Таа се заработи и не сети кога се стемни.
мн. изработки
Вид збор: Именка, женски род
(само едн.) Квалитет на изработување на одреден производ.
Примери:
Изгледа како рачна изработка.
(се) наработат
Вид збор: Глагол, свршен
Работи многу, до изморување.
Примери:
Денеска се наработивме.
обработат
Вид збор: Глагол, свршен
Изврши потребни работи врз нешто (земјиште, суровина) за да служи на неговата намена.
Примери:
Тој сам ја обработи нивата.
одат
Вид збор: Глагол, несвршен
За постапка, намера, намисла - не е така, спротивно е, не може да успее.
Примери:
Тоа што го кажуваш не оди.
мн. опуси
Вид збор: Именка, машки род
Дело, обично уметничко (музичко, сликарско, литературно).
Творештво, сите дела на еден автор.
Примери:
Тој има заокружен поетски опус.
мн. платна
Вид збор: Именка, среден род
Преносно за литературна творба.
Примери:
Широко, големо платно.
подработат
Вид збор: Глагол, свршен
Работи малку или кратко време.
Примери:
Подработи едно лето во дуќанот, па се откажа.
Вид збор: Глагол, свршен
Работи малку, некое време.
Примери:
Тој поработи уште малку, ја фрли теслата и отиде дома да се прибере.
практикуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Применува знаење во практика, врши стручна работа.
Примери:
Тој практикува како лекар веќе една година.
мн. работи
Вид збор: Именка, женски род
Дејност со која се произведува нешто.
Српски:
рад
Албански:
punë
Бугарски:
работа
Примери:
Продолжија работите на изградбата на автопатот.
(обично во мн.) Дејност, систем од мерки за создавање, изготвување, обработување на нешто.
Примери:
градежни работи
литературно, научно или уметничко дело
Примери:
Ми ја читаше својата последна работа.
ученичка писмена задача
Примери:
домашна работа
Вид збор: Глагол, несвршен
Вид збор: Именка, среден род
Вршење работа.
Примери:
кампањско работење
работат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се занимава, врши некоја работа, се труди.
Српски:
радити
Албански:
punoj
Бугарски:
работя
Употреба:
Економија
Примери:
Секој мора нешто да работи.
Дејствува во корист на некого, се труди за друг.
Примери:
Цел живот работеше за нив, за газдите.
Развива дејност со некаква цел.
Примери:
Во 1941 год. работеше во Македонија илегално.
Вид збор: Именка, женски род
мн. работичиња
Вид збор: Именка, среден род
работа
Примери:
Како ти оди работичето?
мн. работички
Вид збор: Именка, женски род
работа
Примери:
Си остана без работичка.
служат
Вид збор: Глагол, несвршен
Врши некава служба, должност, работи.
Примери:
Служеше како писар во општината.
(едн.) творештвото
Вид збор: Именка, среден род
Она што е создадено.
Примери:
Народното творештво.
тргаат
Вид збор: Глагол, несвршен
(за машина, механизам и сл.) работи, функционира
Примери:
Не трга часовников.
тргнат
Вид збор: Глагол, свршен
За машина, механизам - почне да работи.
Примери:
Само малку го занишав часовникот и тој тргна.
мн. трудови
Вид збор: Именка, машки род
(едн.) Како дејност на човекот која бара умствено и физичко напрегање.
Примери:
физички и умствен труд
стручно или научно дело
Примери:
стручни и научни трудови
трудат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се труди) Полага труд, работи.
Албански:
mundohet, punon
Примери:
Кој се труди, ќе постигне.
учат
Вид збор: Глагол, несвршен
(без предмет) Работи над зададените лекции, се спрема, зафатен е со учење.
Примери:
Не задевај го детето, остави го нека учи.