венат
Вид збор: Глагол, несвршен
Тагува, копнее, страда за нешто.
Примери:
Таа вене таму во туѓ свет поради него.
горат
Вид збор: Глагол, несвршен
Обземен од љубов, страст, омраза; има желба.
Примери:
Девојката гореше од љубов.
закопнеат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да копнее, го обзеде копнеж по некого или по нешто.
Примери:
Таа закопнеа по изгубениот син.
исчемреат
Вид збор: Глагол, свршен
Сосема пропадне, се истроши од тага.
Примери:
Тој се плашеше дека таа ќе исчемрее чекајќи.
клонат
Вид збор: Глагол, несвршен
Тежнее, се стреми кон нешто.
Примери:
Не ме чуди тогаш што клонел кон зло.
копнеат
Вид збор: Глагол, несвршен
Чувствува силна желба за некого или по нешто.
Примери:
Копнееше по родниот крај.
копнат
Вид збор: Глагол, несвршен
За човек - тагува, слабее.
Примери:
Копнеше по либето.
милеат
Вид збор: Глагол, несвршен
Обземен е од жалење, тагување по некого или по нешто.
Примери:
Милееше за слобода.
мреат
Вид збор: Глагол, несвршен
Многу посакува некого или нешто.
Примери:
А како мреам кога те гледам.
пекаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Копнее по нешто, има силна желба за нешто.
Албански:
kam mall, më merr malli
Примери:
Родителите пекаа да го видат синот.
тежнеат
Вид збор: Глагол, несвршен
цели кон, чезнее кон, тежи кон
чезнат
Вид збор: Глагол, несвршен
копнее
Примери:
Чезне по саканата.
Вид збор: Глагол, несвршен
чемреат
Вид збор: Глагол, несвршен
венее, страда
Примери:
Таа чемрееше по мажот во туѓина.