влезе
влезат; влезам, влези, влезете; влегов, влегол, влегоа; влегло, влегла; влегле; влезев, влезеа; влезел; влезен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 188
1.
Со движење стапи, стигне во внатрешноста на определен затворен, ограничен простор.
Примери:
Марко влезе во собата на директорот.
Во тој момент змијата влегуваше во дупката.
Возот со пиштење влезе во станицата.
2.
Стапи, се вклучи во некаква средина.
Примери:
Влезе во организацијата на занаетчиите.
Влезе во партија.
Влезе во редакцијата на списанието.
Влезе во управниот одбор.
3.
Заземе определено место, општествена позиција итн.
Примери:
Влезе во историјата.
Тој настан влегол во преданијата.
4.
Смести нешто на или во определен простор.
Англиски:
accommodate
Албански:
akomoduar
Креветот едвај влезе во сопчето.
Слично со:
смести (св.)
5.
Се вклучи како дел во составот на нешто.
Примери:
Овој расказ не влезе во книгата.
Слично со:
вклучи (св.)
6.
Започне одредено животно доба, определена година од животот.
Примери:
Влезе во пубертет.
Влезе во шеснаесеттата година од животот.
7.
Заземе, освои населено место, објект, територија.
Примери:
Партизаните влегоа во селото.
Слично со:
заземе (св.)
8.
Во спортот - заземе определен пласман, место во некое рангирање.
Примери:
Нашата екипа влезе во финалето.
9.
Во повеќе изрази со значење почне некое дејство.
Примери:
Влезе на работа.
Влезе во мода.
Влезе во борба.
Влезе во употреба.
Слично со:
почне (св.)
10.
(Со кратка заменска форма ми, ти, му..) Навлезе нешто некому.
Примери:
Му влезе спица под ноктот.
Му влегла раска во окото.
Изрази
Му влезе студ во коските - измрзне.
Му влезе страв во коските - многу се исплаши.
Влезе зло во некого - се излоши.
Влезе ѓаволот во некого - стане лош.
Му влезе во главата/умот - намисли.
Влези - излези - постојано влегува и излегува.
Му влезе некому под кожа - направи некој да го засака некого, стане многу близок со некого и почне тој однос да го искористува, да го злоупотребува.
Од едно уво влегло од/ низ друго излегло - не обрнува внимание на кажаното, не сака да послуша.
Му влегле бубачки/ бумбари во главата - се однесува чудно, невообичаено.