бдее
бдеат; бдеј, бдејте; бдеев, бдееја; бдеел; бдеен; бдеејќи; мин. бдеав, бдеаја; бдеал; бдеан несв.
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 6283
1.
Не спие, ја поминува ноќта без сон.
Примери:
Во долгите ноќи кога сите спијат, тој бдее.
Саноќ бдееше над нејзината постела.
2.
Внимава, чува, се грижи за некого, за нешто.
Примери:
Бабицата бдееше со неа и ја тераше да легне.
Ноќе над заспаната челад бдеел домаќинот со секира.
Со татковска нежност тој бдееше над болниот.
Слично со:
чува (несв.)
Изведенки
бдеење ср.
глаг. им.
глаг. им.