беда
(едн.) бедата
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 4762
1.
Немање доволно средства за живот.
Примери:
Животот станал неснослив, поради социјалната беда.
Притиснати од бедата, многу Македонци заминувале на печалба.
Слично со:
сиромаштија (ж.)
2.
Зло што може да го снајде човек, неволја, напаст, голема мака, несреќа.
Англиски:
misfortune
Албански:
mjerim, fatkeqësi
Тој можеше да ги вовлече во некоја беда.
За нејзината беда и несреќа единствено сум виновен јас.
Слично со:
неволја (ж.)