misfortune - онтологија

баксуз повеќе

мн. баксузи
Вид збор: Именка, машки род
несреќа, неволја
Албански: fatkeqsi
Употреба: Разговорно
Примери:
Го тераше баксуз низ животот.

баксузлак повеќе

мн. баксузлаци
Вид збор: Именка, машки род
несреќа

беда повеќе

(едн.) бедата
Вид збор: Именка, женски род
Зло што може да го снајде човек, неволја, напаст, голема мака, несреќа.
Албански: mjerim, fatkeqësi
Примери:
Тој можеше да ги вовлече во некоја беда.

зло повеќе

мн. зла
Вид збор: Именка, среден род
Лош настан, несреќа.
Албански: fatkeqësi
Примери:
Се случи големо зло.

некасмет повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
несреќа
Турски: kısmet
Употреба: Разговорно

несреќа повеќе

мн. несреќи
Вид збор: Именка, женски род
Лоша среќа или лоша судбина.
Албански: fatkeqësi
Примери:
Алкохолизмот е голема несреќа во семејството.

премреже повеќе

мн. премрежиња
Вид збор: Именка, среден род
Несреќа, опасност - обично избегната, преживеана.
Примери:
Големи премрежиња ќе ти поминат преку глава, така ти е пишано!

проклетство повеќе

мн. проклетства
Вид збор: Именка, среден род
несреќа, голема мака
Албански: mjerim
Примери:
Проклетство го следеше целиот живот.

таксир повеќе

Вид збор: Именка, машки род
таксират
Турски: taksirat
Употреба: Архаизам

таксират повеќе

мн. таксирати
Вид збор: Именка, машки род
несреќа, неволја
Турски: taksirat
Употреба: Разговорно
Примери:
Ех, било таксират, ќе се умира, деца!