а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

белее

белеат; белеј, белејте; белеев, белееја; белеел; белеен; белеејќи; белеав, белеаја; белеал; белеан
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 8271
1. Обелува, губи од интензитетот на својата боја.
Англиски: bleach Албански: zbardhohet
Примери:
Облеката белее на сонце.
Од често перење алиштата белеат.
2. За коса - обелува, станува сед.
Англиски: whiten Албански: zbardhet
Примери:
На професорот бавно му белееше косата.
На човекот му белее косата од грижи.
3. Се покажува со својата белина.
Англиски: shine Албански: shëndritë
Примери:
На врвот на планината белееше снег.
Патот кон населбата белееше во тревата.
На падините белееја стада овци.
4. (се белее) Се одликува со бела боја, се покажува со својата белина.
Англиски: whiten Албански: zbardhë
Примери:
Куќите се белееја на ридот.
Забите се белееја меѓу брадата и мустаќите.
Изведенки
белеење ср.
глаг. им.