блуе
блујат; блуј, блујте; блуев, блуеја; блуел; блуен; блуејќи; блув, блуја; блул
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 14535
1.
Повраќа, ја исфрла храната назад од желудникот.
Примери:
Таа цела ноќ блуеше.
2.
Исфрла од себе нешто нагло и во големо количество (за вулкан, оружје).
Примери:
Фабричките оџаци блуеја чад.
Тенковите блујат оган.
3.
(се блуе) повраќа
Примери:
Ми се блуе кога го гледам како подрипнува во одењето.
Изведенки
блуење ср.
глаг. им.
глаг. им.