боде
бодат; боди, бодете; бодев, бодеа; бодел; боден; бодејќи
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 4886
1.
Со шилест предмет пробива нешто.
Примери:
Надрилекарот со игла ја бодеше жената во дланките.
Фурнаџијата ја боде погачата со виљушка и ја става да се пече.
2.
Притиска, удира со шилест предмет (мамузи).
Примери:
Митре го бодеше коњот со мамузите, а магаренцето со зашилен стап.
3.
Се пројавува како бодеж некаде во телото.
Примери:
Нешто ме боде во слабините.
Нешто ја бодело жената под плешката, ама таа не кажувала, си трпела.
4.
(се боде) Користи остар предмет и вади од телото.
Албански:
përdori
Тој се боде со игла за да го извади трнот од петата.
5.
(се боде) Склон е кон бодење.
Едниот овен (бик) се боде, а другиот не се боде (бега од бодењето, го одбегнува бодењето).
Изрази
Него ништо не го боде - здрав е, ништо не му е, ништо не може да му стане.
Ем шуто ем боде - не е вреден за некоја работа, а се сили да ја направи.
Изведенки
бодење ср.
глаг. им.
глаг. им.