бука
мн. буки
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 2092
1.
Bид листопадно, планинско дрво со широка крошна.
Примери:
Среде лединката како стожер стоеше една голема расчаталена бука.
Вид: дрво (ср.)
2.
Жлеб издлабен во стебло по кој тече вода кон колцето во воденицата и сл.
Примери:
Водата стрмно паѓаше надолу низ буката од воденицата, силно удираше на воденичкото колце, го вртеше и тоа ги тераше воденичките камења.
3.
(само едн.) шум, врева, бучава
Примери:
Звучниците крескаат и се трудат да го надвладеат сиот брмчеж и бука.