а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

буни

бунат; бунел
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 6289
1. Поттикнува на бунт, бунтува.
Англиски: incite Албански: nxitë, ndërsej
Примери:
Тој отсекогаш го бунел народот.
2. збунува, збркува
Англиски: confuse Албански: sjellë në konfuzion
Примери:
Ме буни помислата дека е веста навистина точна.
3. (се буни) Искажува незадоволство, се бунтува.
Англиски: revolt Албански: revoltohet
Примери:
Тој секогаш се буни кога оди на стража.
4. (се буни) Се брка, се збркува.
Англиски: confuse Албански: konfuz
Примери:
Моето дете многу се буни кога одговара пред наставничката.
Изведенки
бунење ср.
глаг. им.