а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

бутка

буткаат; буткал
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 9736
1. турка
Англиски: push Албански: shtyej
Употреба: Разговорно
Примери:
Селаните ги буткаа жените со децата поблиску до огнот.
2. Турне на испит некого.
Албански: rrëzon
Употреба: Образование , Разговорно
Примери:
На испитот по математика професорот ги буткаше најмалку половината од пријавените.
3. става, дава
Англиски: give Албански: fut, jep
Употреба: Разговорно
Примери:
Тој му бутка на детето јаболко в рака.
4. (се бутка) се турка
Англиски: shove Албански: shtyhet
Употреба: Разговорно
Примери:
Луѓето се буткаа кој прв да излезе.
Изведенки
буткање ср.
глаг. им.