вене
венат; вени, венете; венев, венеа; венел; венет; венејќи; венев, венеа; венал
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 10428
1.
За растение - губи свежина, боја, сјај, се суши.
Примери:
Наесен лисјето венеат и се сушат
Слично со:
суши (несв.)
2.
За човек - слабее, губи сила и животна свежина.
Примери:
Чувствував како венее се во мене.
Таа беше болна, венееше, а никој не знае зошто.
Слично со:
слабее (несв.)
3.
Тагува, копнее, страда за нешто.
Примери:
Таа вене таму во туѓ свет поради него.
Девојките венеат по него.
Слично со:
копнее (несв.)
Изведенки
венење ср.
глаг. им.
глаг. им.