виолина
мн. виолини
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 5478
Гудачки инструмент со четири жици, највисок според тонскиот регистар од сите гудачки инструменти.
Примери:
Концерт за виолина и оркестар.
Ја земаше виолината и свиреше ориентална музика.
Вид: инструмент (м.)
Изрази
Прва виолина - виолина што води во оркестарот.
Прва виолина - тој што се истакнува над сите, тој што има главен збор во нешто.