а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

висне

виснат; висни, виснете; виснав, виснаа; виснал; виснат; виснев, виснеа; виснел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 8042
1. Се закачи, се обеси на нешто без да има потпора од долната страна.
Англиски: hang Албански: var
Примери:
Таа висна онесвестена на неговиот врат.
2. Се олабави, се опушти, падне надолу.
Англиски: hang Албански: liroj
Примери:
Под очите на чиновникот виснаа празни ќесички.
Фустанот ѝ висна до земја.
3. Стои, е наднесен над нешто.
Англиски: watch Албански: shikon
Примери:
На болниот над главата му виснаа двајца војници.
4. Стои над нешто без потпора.
Англиски: hang Албански: qëndron
Примери:
Над градот виснаа црни облаци.
5. виска, вишти
Англиски: neigh Албански: hingëllin
Примери:
Коњот нешто насети, се вознемири и висна.
Изведенки
виснува несв.
виснуваат