витоса
витосаат
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 16266
1.
Уништи, отстрани, тргне некого или нешто како непожелно.
Примери:
Козите му ги витосаа.
Ја забраа жената и ја витосаа некаде.
2.
Изгуби, затури, исчезне од вид, од досегот на сетилата.
Примери:
Кај ги витоса пусти очила?
3.
(се витоса) се уништи, се сотре
Примери:
Се витосаа зајаците, срните, лисиците, волците, дивите свињи.
Цела куќа се витоса.
4.
(се витоса) Отиде некаде, се изгуби, го снема.
Примери:
Тој се витосал некаде во пустината.
Тепачите се витосаа оттука, а таа остана спружена на земја.
Изрази
Вит се витоса - исчезне сосема.
Изведенки
1.
витосува несв.
(се) витосуваат
(се) витосуваат
2.
витосување ср.
глаг. им.
глаг. им.