mislay - онтологија

вдене повеќе

вденат
Вид збор: Глагол, свршен
3афрли нешто, стави на несоодветно место.
Албански: hedh
Употреба: Преносно значење , Разговорно
Примери:
Каде го вдена клучот да не можам да го најдам.

витоса повеќе

витосаат
Вид збор: Глагол, свршен
Изгуби, затури, исчезне од вид, од досегот на сетилата.
Албански: humbas
Употреба: Разговорно
Примери:
Кај ги витоса пусти очила?

забута повеќе

Види и: бута (несв.)
забутаат
Вид збор: Глагол, свршен
Стави некаде каде што тешко може да се најде.
Албански: vë jo në vend, fut
Примери:
Ја забутал книгата некаде и сега не може да ја најде.

закатани повеќе

закатанат
Вид збор: Глагол, свршен
Изгуби, заметне, зафрли нешто.
Албански: humbas, vë jo në vend
Употреба: Разговорно
Примери:
Не знаеше кај ги закатанила иглите за плетење.

заметка повеќе

заметкаат
Вид збор: Глагол, свршен
зафрли, затури
Албански: hudhi
Примери:
Тој го заметкал некаде писмото.

заметне повеќе

заметнат
Вид збор: Глагол, свршен
Зафрли, затури, изгуби нешто.
Примери:
Тој го заметнал некаде клучот од ковчежето.

заштури повеќе

Види и: штури (несв.)
(се) заштурат
Вид збор: Глагол, свршен
се изгуби, се затури
Албански: humbas
Примери:
Децата се заштурија некаде.

збута повеќе

збутаат
Вид збор: Глагол, свршен
зафрли
Албански: hudh
Примери:
Каде ли сум ја збутала црвената блуза?

испика повеќе

испикаат
Вид збор: Глагол, свршен
Зафрли нешто, стави на несоодветно место.
Албански: vë jo në vend
Примери:
Не знам каде ги испикала чорапите.

напика повеќе

напикаат
Вид збор: Глагол, свршен
Зафрли нешто некаде, суреди да не може лесно да се најде.
Албански: hedh
Употреба: Преносно значење
Примери:
Облечи што ќе најдеш, таа блуза којзнае каде е напикана.

пикне повеќе

Види и: пика (несв.)
пикнат
Вид збор: Глагол, свршен
Ставање некаде каде што не му е местото.
Албански:
Употреба: Преносно значење
Примери:
Ги пикнал некаде чорапите.

спика повеќе

Види и: пика (несв.)
спикаат
Вид збор: Глагол, свршен
зафрли
Албански: hedh
Употреба: Преносно значење
Примери:
Кој знае кај ги спикал билетите?

џбура повеќе

џбураат
Вид збор: Глагол, несвршен
става, затура, заметнува
Албански: vendos
Употреба: Разговорно

џбурне повеќе

Види и: џбура (несв.)
џбурнат
Вид збор: Глагол, свршен
стави, заметне, затури, зафрли
Албански: vendos
Употреба: Разговорно
Примери:
Многу сол си му џбурнала во јадењето.