а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

витоса

витосаат
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 16266
1. Уништи, отстрани, тргне некого или нешто како непожелно.
Англиски: wipe out Албански: largon, heq
Употреба: Разговорно
Примери:
Козите му ги витосаа.
Ја забраа жената и ја витосаа некаде.
2. Изгуби, затури, исчезне од вид, од досегот на сетилата.
Англиски: mislay Албански: humbas
Употреба: Разговорно
Примери:
Кај ги витоса пусти очила?
3. (се витоса) се уништи, се сотре
Англиски: wipe out Албански: zhduket
Употреба: Разговорно
Примери:
Се витосаа зајаците, срните, лисиците, волците, дивите свињи.
Цела куќа се витоса.
4. (се витоса) Отиде некаде, се изгуби, го снема.
Англиски: disappear Албански: zhduket, humbet
Употреба: Разговорно
Примери:
Тој се витосал некаде во пустината.
Тепачите се витосаа оттука, а таа остана спружена на земја.
Изрази
Вит се витоса - исчезне сосема.
Изведенки
1. витосува несв.
(се) витосуваат
2. витосување ср.
глаг. им.