вовре
воврат; воври, воврете; воврев, вовреа; воврел; воврен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 9576
1.
Стави, вотне, пикне нешто некаде.
Примери:
Не можеше да ја вовре петлицата во иликата.
Ги вовреа главите в снег.
Го воврел вратот во гуњата.
2.
(се вовре) Се пикне, се вотне некаде.
Примери:
Забележа како се вовреа низ честарот.
Некој црв се воврел во гнилите штици.
3.
(се вовре) навлезе, продре
Примери:
Во душата и се вовре пријатно чувство.
Во гората тихо се вовре мрак.
Изведенки
1.
воврува несв.
(се) вовруваат
(се) вовруваат
2.
воврување ср.