а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

врв

мн. врвови
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 717
1. Највисок дел од нешто што се издигнува во височина.
Англиски: peak Албански: majë
Употреба: Географија
Примери:
планински врв
врв на карпа
врв на дрво
2. Краен, тенок, заострен дел од предмет.
Англиски: top Албански: majë
Примери:
врв на сабјата
иглен врв
Го истри врвот на кларинетот.
3. Горен, преден, поиздаден, повисок дел од нешто.
Англиски: top Албански: majë
Примери:
врв на скалите
4. Највисок дострел, постигање, пројава на нешто.
Англиски: top Албански: kulm
Употреба: Преносно значење
Примери:
До кои врвови се искачила литературата за деца!
5. Централен дел на дејствието во литературно или сценско дело.
Англиски: culmination
Употреба: Уметност
Примери:
Битните фази на драмата се воведот, заплетот, врвот, пресвртот и конечно расплетот.
6. Највисока положба, степен во некоја хиерархија.
Англиски: top Албански: majë
Употреба: Административен термин , Преносно значење
Примери:
Се наоѓа на врвот во армијата.
Изрази
На врв на јазикот - не може да се сети на нешто во моментот.