врска
мн. врски
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 489
1.
Повеќе предмети, обично еднородни, врзани заедно.
Примери:
врска клучеви
врска млад лук
2.
Сооднос, зависност меѓу предмети и појави.
Примери:
Врска меѓу теоријата и практиката.
Врска меѓу квалитетот и цената на производот.
Слично со:
сооднос (м.)
3.
Општење, контакт меѓу две или повеќе страни.
Англиски:
connection
Албански:
lidhje
врска со народот
трговски врски
врска со странство
Слично со:
контакт (м.)
4.
Однос меѓу лица.
Англиски:
relation
Албански:
marrëdhënie
роднинска врска
пријателска врска
љубовна врска
Слично со:
однос (м.)
5.
Систем од технички средства и организација за комуникација.
Англиски:
communication
Албански:
komunikim
железничка врска
авионска врска
телефонска врска
сателитска врска
6.
Лице што пренесува соопштенија, наредби, пораки и сл.
Англиски:
connection
Албански:
lidhje
Тој бил врска со штабот.
7.
(обично во мн.) Познанство, пријателство што донесува полза.
Примери:
Тој секаде има врски.
Влегол на работа со врски.
8.
кравата
Примери:
На секоја кошула носеше посебна врска.
Изрази
Без врска - несврзано, неповрзано.
(жарг.) Без врска - глупости.
Во врска со тоа - по повод на тоа.
Нема врска - не е важно.
(жарг.) Нема врска - глупости.