глас
мн. гласови
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 105
1.
дарба за пеење
Примери:
Таа имаше прекрасен глас.
2.
Различна висина на тонот при пеењето.
Примери:
Прв глас, втор глас, трет глас.
Слично со:
тон (м.)
3.
Звук што се создава во грлото со помош на гласилките при зборување, пеење и сл.
Примери:
силен глас
Слично со:
звук (м.)
4.
Најмал елемент на јазикот - согласка, самогласка.
Слично со:
фонема (ж.)
5.
Звук или шум од животно, машина или апарат.
Примери:
Го сакам металниот глас на моторот.
Слично со:
звук (м.)
6.
вест, новост, информација, порака
Примери:
Прати глас оти ќе врши обиколка на црквите.
Слично со:
новост (ж.)
8.
Јавно мислење, мислење на некоја група.
Англиски:
public opinion
Албански:
opinion publik
Глас на народот.
Слично со:
мислење (ср.)
9.
углед, позиција, реноме
Англиски:
reputation
Албански:
reputacion
На добар глас.
Слично со:
углед (м.)
10.
озборување, афера
Англиски:
rumor
Албански:
thashetheme
Сѐ почесто ќе стигнеа збунувачки гласови: новата, неговата власт примала мито, рушвет.
Слично со:
озборување (ср.)
11.
Право на изјаснување за определени политички, државни или административни прашања, усно, со кревање рака или писмено.
Примери:
Избирачките гласови сѐ уште се пребројуваат.
Слично со:
гласање (ср.)
Изрази
Ни трага ни глас - нигде.
Во еден глас - истовремено.
Гласот не му се слуша - многу е тивок.
Пукна глас/се шири глас/се пушти глас - се пронесе вест, се разгласи.
Изведенки
1.
гласче ср.
мн. гласчиња
дем.
мн. гласчиња
дем.
2.
гласиште ср.
мн. гласишта
аугм. и пејор.
мн. гласишта
аугм. и пејор.