мн. галицизми
Вид збор: Именка, машки род
Особеност на францускиот јазик; збор или јазична конструкција карактеристична за францускиот јазик, а преземена во друг јазик.
Примери:
Во одделни словенски јазици се затврдени извесни галицизми.
генеративниот
Вид збор: Придавка
Што може да генерира; способен да создава.
Примери:
генеративна граматика
генеричкиот
Вид збор: Придавка
заеднички, општ
Примери:
генерички термин за пченица и ориз
мн. германизми
Вид збор: Именка, машки род
Особеност на германскиот јазик; збор или јазична конструкција карактеристична за германскиот јазик, а преземена во друг јазик.
мн. германисти
Вид збор: Именка, машки род
Човек што се занимава со германистика.
(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Наука што се занимава со проучување на јазиците, книжевноста и историјата на германските народи.
(едн.) глаголицата
Вид збор: Именка, женски род
Првата словенска азбука, составена од браќата Кирил и Методиј во IX век, којашто содржела 38 букви и на која биле напишани најстарите црковни книги.
глаголскиот
Вид збор: Придавка
Што е напишан на глаголица.
Примери:
Глаголски текст.
мн. гласови
Вид збор: Именка, машки род
Најмал елемент на јазикот - согласка, самогласка.
(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Изговор на определени гласови.
Примери:
Гласежот на ќ, ѓ треба да се бара помеѓу гласежот на смекнатите к, г и...
мн. глосари
Вид збор: Именка, машки род
Список на зборови со нивно објаснување на крај од текстот.
мн. говори
Вид збор: Именка, машки род
устен јазик
Англиски:
speech
Албански:
të folur
начин на зборување
Примери:
По говорот се познаваше дека не е од тука.
територијален јазик
Англиски:
dialect
Албански:
dialekt
Примери:
скопски говор
(едн.) готицата
Вид збор: Именка, женски род
Латинично писмо (азбука), настанато во времето на готиката, со остри, аглести букви.
мн. граматики
Вид збор: Именка, женски род
Дел од лингвистиката во кој се проучуваат морфолошкиот и синтаксичкиот систем на даден јазик.
Англиски:
grammar
Албански:
gramatikë
Примери:
Традиционална граматика.
Учебник по граматика.
Англиски:
grammar
Албански:
gramatika
Примери:
Граматика на македонскиот јазик.
мн. граматичари
Вид збор: Именка, машки род
Човек што се занимава со граматика.
мн. графеми
Вид збор: Именка, женски род
Знак (буква) што претставува одреден глас (фонем).
гутурални
Вид збор: Придавка
Што е произведен во грлото.
Примери:
гутурална согласка