gulp - онтологија

голта повеќе

голтаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Јаде алчно, без доволно џвакање на храната.
Албански: gëltis
Употреба: Преносно значење
Примери:
Прегладнет, голташе цели залаци леб.

долапа повеќе

Види и: лапа (несв.)
долапаат
Вид збор: Глагол, свршен
Изеде со лапање сѐ, до крај.
Употреба: Разговорно
Примери:
Ја долапа кашата и веднаш излезе.

излапа повеќе

излапаат
Вид збор: Глагол, свршен
Изеде лакомо, изеде се, до крај.
Примери:
Децата лакомо ја излапаа вечерата.

клопа повеќе

клопаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Лакомо јаде, лапа.
Албански: glënjkë, gëlltis
Употреба: Преносно значење , Разговорно
Примери:
Јас и моите деца клопаме матеница.

лапа повеќе

лапаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Лакомо јаде.
Употреба: Разговорно
Примери:
Лапаше како да не јадел една недела.

лапка повеќе

Види и: лапа (несв.)
лапкаат
Вид збор: Глагол, несвршен
лапа
Употреба: Деминутив

фука повеќе

фукаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Лакомо јаде.
Албански: gllënjkë
Употреба: Преносно значење
Примери:
Многу фукаше на свадбата.

фукне повеќе

фукнат
Вид збор: Глагол, свршен
Лакомо изеде, солапа.
Албански: gëlltit
Употреба: Преносно значење , Разговорно
Примери:
Го фукна наеднаш.

џока повеќе

џокаат
Вид збор: Глагол, несвршен
пие, лока
Употреба: Разговорно