а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

голта

голтаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 2609
1. Прима храна или течност преку устата во хранопроводникот.
Англиски: swallow Албански: gëlltit
Примери:
Беше тешко да се голта водата кога знаеш дека ја пиеш за да остане што помалку место за лебот.
Долго ги џвакаше и полека ги голташе парчињата месо.
2. Јаде алчно, без доволно џвакање на храната.
Англиски: gulp Албански: gëltis
Употреба: Преносно значење
Примери:
Прегладнет, голташе цели залаци леб.
3. Слуша или гледа со големо внимание или со задоволство.
Англиски: suck Албански: vëren
Употреба: Преносно значење
Примери:
Неговите зборови ги голташе без да трепне.
4. Трпи, поднесува, страда во себе.
Англиски: suffer Албански: vuaj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Ги голташе навредите од мајка си.
Молчеше и ја голташе тагата.
5. Испушта букви или гласови во пишувањето или во зборувањето.
Англиски: swallow Албански: gëlltit
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тешко се разбираше пишуваното зашто голташе букви.
Изведенки
голтање ср.
глаг. им.