даде
дадам, дадат; дај, дајте; дадов, дадоа; дал, дале; дадев, дадеа; дадел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 181
1.
Врачи нешто од едни раце во други.
Примери:
Ми даде вода.
Дај ми книга!
Дај ја личната карта!
2.
Препушти нешто во сопственост на друг.
Примери:
За роденден му даде подарок.
Слично со:
подари (св.)
4.
Испрати некого некаде на работа, се погрижи за неговата работа.
Примери:
Го даде чирак.
Го даде во интернат.
Слично со:
испрати (св.)
5.
плати, размени, продаде
Примери:
Го дадов коњот за вреќа брашно.
Колку даде за куќата?
Даде пари за куќата.
Слично со:
размени (св.)
6.
Одреди години, возраст.
Примери:
Никој не би ѝ дал повеќе од триесет и пет години.
7.
Се закани со казна, со ќотек.
Примери:
Ќе ти дадам јас тебе добра лекција.
8.
произведе, роди, носи
Примери:
Нивата даде род.
9.
Одржи, изведе, приреди нешто пред публика.
Примери:
Даде концерт.
Даде претстава.
10.
дозволи, допушти, се согласи
Примери:
Не ѝ даде да оди кај татко ѝ.
11.
Предаде, испрати некому во надлежност.
Примери:
Даде оглас во весник.
Даде оставка на функцијата.
12.
жртвува
Англиски:
sacrifice
Албански:
sakrifikon
Го даде својот живот за татковината.
Слично со:
жртвува (несв.)
15.
Приреди, настапи пред публика.
Примери:
Оркестарот даде концерт во МНТ.
16.
Со именка, може да го замени глаголот именуван со именката.
Примери:
Даде наредба - нареди.
Даде одговор - одговори.
Даде гаранција - гарантира.
17.
(се даде) Се држи, не се предава (обично одречно).
Англиски:
surrender
Албански:
nuk dorëzohet
Тој не се даде никому.
Изрази
Даде Бог - изразување желба, преколнување.
Даде збор, аманет - вети, се заколне.
Даде глас - се согласи.
Даде глас - се јави, се огласи.
Даде глава (рака, живот, збор) - цврсто гарантира.
Даде сè од себе - направи сè што може.
Изведенки
1.
дава несв.
даваат
даваат
2.
давање ср.
глаг. им.
глаг. им.