дејство
мн. дејства
Вид збор: Именка, среден род
Ранг: 2118
1.
Пројавување некаква енергија, дејствување, функционирање.
Англиски:
effect
Албански:
ndikim, efekt
Архимед го открил дејството на лостот.
Разорно дејство на експлозивот.
Ја пушти машината во дејство.
Со голема вештина ги вршеше сите тие дејства.
2.
Резултат, последица, влијание, впечаток од нешто.
Англиски:
result
Албански:
ndikim, rezultat
Овој отров има смртоносно дејство.
Под дејството на алкохолот стануваше насилен и груб.
Неговите зборови имаа силно дејство.
3.
Вооружен судир, борбена акција.
Примери:
Започнале воени дејства во пограничните области.
Слично со:
акција (ж.)
4.
Тек од настани, случувања во некое литературно дело.
Примери:
Дејството на романот почнува во минатиот век.
Двигатели на дејството во текстот се децата.
Во вториот чин од драмата, дејството достигнува кулминација.
Слично со:
сторија (ж.)
5.
Значење, содржина на глаголот.
Слично со:
значење (ср.)