а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

довлече

довлечат; довлечи, довлечете; довлеков, довлекоа; довлекол, довлекле; (ќе) довлечев, (ќе) довлечеа; (ќе) довлечел; довлечен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 9058
1. Со влечење донесе, премести нешто до определено место.
Англиски: drag Албански: tërheq
Примери:
Поарно ќе биде ако довлече плочи па покривот да го направи од нив.
2. Доведе, донесе некого со сила.
Англиски: bring Албански: sjell
Примери:
Пустинското дете ме довлече до камилата.
3. (се довлече) Одвај дојде, стигне со влечење.
Англиски: arrive Албански: arriti
Примери:
Околу полноќ до мене се довлекоа тројца другари.
Одвај се довлеков до вратата и ѕирнав низ клучалката.
Изведенки
1. довлечува несв.
довлечуваат
2. довлечување ср.
глаг. им.
3. довлекува несв.
довлекуваат
4. довлекување ср.
глаг. им.