докаже
докажат; докажи, докажам, докажете; докажав, докажаа; докажал; докажев, докажеа; докажел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 2028
1.
Каже, раскаже нешто до крај.
Англиски:
tell
Албански:
argumentoj, dëshmoj
Не ми докажа што стана понатаму.
Селаните не го оставија да докаже до крај.
Слично со:
раскаже (св.)
2.
Ја потврди со аргументи вистинитоста, точноста на нешто.
Примери:
Кога ќе докажам со факти, ќе биде доцна да го одбраниш крадецот.
Докажавме дека е возможно да се бориме и со посилен непријател.
Никој ништо не истражувал и не докажувал.
Слично со:
потврди (св.)
3.
Увери, убеди некого во нешто.
Примери:
Докажав дека не ми е страв од оган и смрт.
4.
(се докаже) Се истакне, се наметне со својата работа.
Примери:
Ако сака да биде примена кај нас, мора на некој начин да се докаже.
Слично со:
истакне (св.)
Изведенки
1.
докажува несв.
(се) докажуваат
(се) докажуваат
2.
докажување ср.
глаг. им.
глаг. им.
3.
докажаност ж.
Особина на тоа што е докажано.
Особина на тоа што е докажано.