домаќин
мн. домаќини
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 2171
1.
Лице што управува со куќата, со домот; глава на семејството.
Англиски:
head of household
Албански:
kryefamiljari
Секој домаќин си остава наследник на куќата.
Многу домаќини ги напуштија своите огништа.
Слично со:
стопан (м.)
2.
Лице што добро го води своето домаќинство; чесен, угледен, богат човек.
Примери:
Тој беше умен домаќин што знае да стави пара врз пара.
Сватовите беа чесни луѓе и добри домаќини.
Тој е еден од првите домаќини во селото.
3.
Лице што прима некого како гостин.
Примери:
Домаќинот ги покани гостите да се напијат.
Гостинот и домаќинот си ги сретнаа погледите.
Домаќините ги поканија гостите за вечера.
Спротивно од:
гостин (м.)
4.
Лице (правно или физичко) што организира некаков собир, прослава и сл.
Англиски:
organizer
Албански:
organizator
Најголем број учесници на конгресот беа од земјата домаќин.
Му се заблагодари на домаќинот за добриот пречек и условите што ги имале.
5.
Службено лице што се грижи за набавките во некоја фирма, установа и сл.
Примери:
Работи како домаќин во едно училиште.
Слично со:
домар (м.)
6.
сопруг, маж
Примери:
Покојниот домаќин мој ми кажувал за него.
Домаќине, кутри домаќине, кому ме остави црна кукавица!
Слично со:
сопруг (м.)