а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

дојаде

дојадат; дојаден; дојал
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 15611
1. Заврши со јадењето.
Англиски: eat up Албански: mbaroj së ngrëni
Примери:
Набрзина ја дојаде мусаката и излезе.
2. потроши
Англиски: spend Албански: harxhoj, shterr
Употреба: Преносно значење
Примери:
Сакаш да ѝ го дојадеш имотот што ѝ го остави татко ѝ?
3. уништи, упропасти
Англиски: destroy Албански: prish, shkatërroj
Примери:
Зарем те родив за да ме јадеш и да ме дојадеш?
Болеста го дојаде Ѓорѓија.
4. (ми, ти, му се дојаде) Ми дојде желба за јадење, ми се пријаде.
Англиски: eat Албански: më hahet
Употреба: Безлично
Примери:
Му се дојаде кога го почувствува мирисот на печени костени.
Изведенки
дојадува несв.
(се) дојадуваат