дувло
  
    
    
  
  
      
          
             мн. дувла
          
      
    
    
    
      Вид збор: Именка, среден род
    
    
	    
	      Ранг: 8210
	    
	
    
    
      
          1.
          Живеалиште за поголеми диви животни во земјата или на засолнато место.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Мечкино дувло. 
	              
	            
	          
	            
	              Дувло на волчица.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  брлог (м.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          2.
          Неуредено, нечисто место (куќа, стан, соба).
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Се враќам во своето студено дувло.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          3.
          Собиралиште, место каде што се собира сомнителен свет.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Го фатиле во дувлото каде што се собираат.