дуе
дујат; дуј, дујте; дуев, дуеја; дуел; дуен; дуејќи; дув, ду, дуја; дул
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 9908
1.
Полни со воздух.
Англиски:
inflate
Албански:
fryj, mbush me ajr
Ги дуеше градите.
Ја дуевме фудбалската топка со пумпа.
Продолжи да беснее дуејќи ги образите.
Слично со:
дува (несв.)
2.
(се дуе) Се полни, се подува, се исполнува со воздух.
Англиски:
blow up
Албански:
frzhet, mbushet me ajr
Стомакот му се дуе и му се собира како ковачки мев.
Ноздрите му се дуеја колку две охридски цреши.
Слично со:
подува (несв.)
3.
(се дуе) Се прави важен, надмен.
Примери:
Се дуеш дека имаш синови.
Се дуе, ме одбегнува.
Изведенки
дуење ср.