а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

души

душат; душел
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 17868
1. Прави пречки, го спречува дишењето.
Англиски: suffocate Албански: pengoj
Употреба: Медицина
Примери:
Астмата го душеше старецот.
Нешто го души во грлото.
2. (се души) Има пречки во дишењето, ја губи можноста да дише.
Англиски: suffocate Албански: pengoj
Употреба: Медицина
Примери:
Се души и ја раскопчува шинелата.
Се душеше во зачадената соба.
3. За животно (обично пес) - мириса нешто.
Англиски: sniff Албански: nuhat
Примери:
Шарениот коњ ги душеше своите нови пријатели.
Мачката душеше околу бунарот.
4. За човек – мириса; насетува нешто.
Англиски: sense Албански: përshtypje
Употреба: Иронично , Преносно значење
5. (се души, само мн.) се мириса
Англиски: sniff Албански: nuhaten
Примери:
Кучињата се душеа едно со друго.