душка
Види и:
души (несв.)
душкаат; душкал
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 6947
1.
Со куси, брзи движења души, мириса, бара нешто.
Примери:
Говедата ја душкаа тревата.
Слично со:
души (несв.)
2.
Загледува, наслушува, сака се да дознае, да разбере.
Примери:
Џандарите душкаа по секој негов чекор.
Душкаше нешто низ куќата.
Душка наоколу по селата.
3.
(се душка) Се мирисаат по малку.
Примери:
Свињите буричкаа со муцките во земјата и се душкаа.
Слично со:
мириса (несв.)
Изведенки
душкање ср.
глаг. им.
глаг. им.