Пејоратив - категорија

дебелогазест повеќе

дебелогазестиот
Вид збор: Придавка
Што има дебел задник.
Англиски: fat-ass
Примери:
Одвратен дебелогазест чиновник.

дебелогазец повеќе

мн. дебелогасци
Вид збор: Именка, машки род
Тој што е дебелогазест.
Англиски: fat-ass
Примери:
Бегај оттука, дебелогазец никаков!

дегутантен повеќе

дегутантни
Вид збор: Придавка
Што предизвикува одвратност, одбивност, огорченост.
Англиски: obnoxious Француски: dégoûtant
Примери:
дегутантен виц

денгуба повеќе

мн. денгуби
Вид збор: Именка, женски род
Тој што денгуби, што залудно го троши времето.
Англиски: idler Албански: përtac
Примери:
Покрај патниците секогаш имаше и денгуби што седеа на станицата.

дерле повеќе

мн. дерлиња
Вид збор: Именка, среден род
Дете, детиште, што многу се дере, што плаче.

детиште повеќе

мн. детишта
Вид збор: Именка, среден род
дете
Англиски: child
Примери:
сурија пакосни детишта

дечурлаана повеќе

(едн.) дечурлааната
Вид збор: Именка, женски род
невоспитани детишта
Примери:
Такво искуство нема ниту еден од младежот и дечурлааната во неговиот тим.

дивјак повеќе

мн. дивјаци
Вид збор: Именка, машки род
Припадник на примитивно племе, човек што живее во дивјаштво.
Англиски: savage Албански: i egër

дрслив повеќе

дрсливиот
Вид збор: Придавка
Што често има пролив.

дрсло повеќе

мн. дрсловци
Вид збор: Именка, машки род
Тој што се плаши.
Англиски: scaredy cat
Примери:
Ти си дрсло!

дудук повеќе

мн. дудуци
Вид збор: Именка, машки род
глупак
Англиски: jerk Албански: torollak, budalla
Примери:
Дудук ниеден.

душка повеќе

Види и: души (несв.)
душкаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Загледува, наслушува, сака се да дознае, да разбере.
Англиски: snoop Албански: zhbiroj
Примери:
Џандарите душкаа по секој негов чекор.
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ќ - ф - ц - ч - џ - ш