мн. електроанализи
Вид збор: Именка, женски род
Анализа со помош на електролиза.
Примери:
Електроанализа со контрола на потенцијалот на катодата.
мн. електролизи
Вид збор: Именка, женски род
Разложување на течностите со помош на електрична енергија.
Примери:
Кога електрохемиската ќелија работи во електролитички мод, процесот во неа се нарекува електролиза.
мн. електролити
Вид збор: Именка, машки род
Материја, супстанција што може да се разложи со електролиза.
Примери:
Електролитите се многу важни за спортистите и имаат голема улога во многу медицински третмани.
(едн.) електрохемијата
Вид збор: Именка, женски род
Дел од физичката хемија како научна дисциплина што го проучува заемното дејство на физиката и на хемијата врз електричните процеси.
Примери:
Електрохемијата е гранка од физичката хемија што ги проучува процесите при
кои што доаѓа до проток на струја како резултат на одвивање на некоја хемиска
реакција.
мн. елементи
Вид збор: Именка, машки род
Материја што не може по хемиски пат да се разложи на поедноставни делови.
Англиски:
element
Албански:
element
Примери:
хемиски елементи
мн. емулгатори
Вид збор: Именка, машки род
Средство што се додава за да се добие емулзија од две течности.
Примери:
Овој производ е без емулгатор.
мн. емулзии
Вид збор: Именка, женски род
Течност во која се наоѓаат нерастворени ситни капки од друга течност.
мн. ензими
Вид збор: Именка, машки род
Органски азотни соединенија на живите клетки што овозможуваат да се вршат хемиски реакции во физиолошки услови на киселост, температура и притисок.
мн. епрувети
Вид збор: Именка, женски род
Стаклен сад со цилиндрична форма што служи за хемиски опити.
Примери:
стаклена епрувета
мн. есенции
Вид збор: Именка, женски род
Концентриран алкохол, раствор на ароматично етерично масло, екстракт од растително потекло, што се употребува во медицината, парфимеријата и во приготвувањето на алкохолни пијалаци.
(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
вид алкохол
Примери:
Се најави изградба на рафинерија за етанол.
(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Безбојна, лесно испарлива течност со остар мирис што се употребува како растворувач, а во медицината за дезинфекција и за наркоза.
Англиски:
ether
Албански:
eter
етеричниот
Вид збор: Придавка
За растение - што содржи и од кое се добива ароматично масло.
Примери:
етерично масло
Вид збор: Именка, машки род
Алкален радикал добиен од етан.