а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

забере

заберат; забери, заберете; забрав, забраа; забрал; забран; заберев, забереа; заберел; заберен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 8879
1. Почне да бере.
Англиски: gather Албански: mbledh
Примери:
Уште не го забрале тутунот.
2. Поведе некого со себе.
Англиски: pick Албански: merr
Примери:
Ќе го заберам и него малку да прошетаме.
3. Одведе некого присилно, против неговата волја.
Англиски: round up Албански: merr me forcë
Примери:
Ноќеска го забрале и го затвориле.
4. Присвои нешто туѓо со водење.
Англиски: pick Албански: përvetësoj
Примери:
Му ги забра двете најубави крави и си ги присвои.
5. За добиток - потера да оди некаде.
Англиски: drive Албански: ngas
Примери:
Отиде да ги забере коњите, да ја спрегне чезата.
Се токмеше да ги забере селските говеда.
6. Завлече нешто ненамерно (при одење, при движење на нешто).
Албански: tërheq
Примери:
Влегувајќи го забра ѓубрето со себе.
Го забра килимот со столот.
7. (се забере) Се собере, се збере на куп, на едно место.
Англиски: collect Албански: mbledh
Примери:
Се забрале селаните на сретсело.
8. (се забере) Тргне да оди, да прави нешто.
Англиски: start Албански: filloj
Примери:
Кај си се забрал олку рано.
Се забрал да се расправа со децата.
Изведенки
1. забира несв.
(се) забираат
2. заберува несв.
(се) заберуваат
3. забирање ср.
глаг. им.
4. заберување ср.
глаг. им.