одведе
одведат; одведи, одведете; одведов, одведоа; одвел; одведев, одведеа; одведел; одведен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 1405
1.
Однесе некого од едно место на друго.
Англиски:
lead
Албански:
shpie, çon
Таа ги одведе гостите во гостинската соба.
Заробениот војник го одведоа кај командантот.
Тој го одведе добитокот на пасење.
Слично со:
поведе (св.)
2.
Однесе некого некаде следејќи пат, траги.
Примери:
Патот нѐ одведе во едно запустено село.
Трагите го одведоа кучето до ранетата лисица.
Слично со:
однесе (св.)
3.
Однесе некого со сила.
Англиски:
lead
Албански:
shpie, dërgon
Девојката ја одведоа од дома.
Заробениците ги одведоа в затвор.
4.
За вода - одбие, одврати, смени тек.
Англиски:
divert
Албански:
ndërron drejtimin
Тој ја одведе водата од каналот.
Слично со:
одврати (св.)
5.
Доведе до нова состојба, промени нешто.
Примери:
Твојата тврдоглавост нѐ одведе до пропаст.
Долгите прошетки ми ги одведоа мислите на друга страна.
Изведенки
1.
одведува несв.
одведуваат
одведуваат
2.
одведување ср.
глаг. им.
глаг. им.