загледа
Види и:
гледа (несв.)
загледаат; загледал
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 1136
1.
Почне да гледа (во) нешто со некакво внимание, со некаков интерес.
Примери:
Го загледа писмото од сите страни.
2.
Здогледа, забележи со поглед.
Примери:
Во белината загледа две темни точки.
Го загледа некаде долу во ливадата.
Во ожниената нива загледав еден човек.
3.
(се загледа) Насочи поглед, внимателно, упорно гледа во некого или во нешто.
Примери:
Се загледав горе во чардакот.
Им се загледа право во лицата.
Застана и се загледа наоколу.
4.
(се загледа) Почне да се гледа еден во/со друг, меѓу себе.
Примери:
Hие се загледавме, меѓу себе, зачудени.
Тие двајцата се загледаа еден во друг.
5.
(се загледа) Се заљуби во некого.
Примери:
И двајцата браќа се загледаа во иста девојка.
Изведенки
1.
загледува несв.
(се) загледуваат
(се) загледуваат
2.
загледување ср.
глаг. им.
глаг. им.