загуба
мн. загуби
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 3529
1.
Губење, лишување од нешто или од некого.
Примери:
Го обземаше слабост поради загубата на крвта.
Жалеше за загубата на својот пријател.
Непријателот претрпел тешки загуби.
2.
Негативна разлика меѓу трошоците за производство на стоката и нејзината цена.
Примери:
Со такви цени производителите ќе бидат во загуба.
Месецот го завршивме без загуби.