зададе
зададат; задај, задајте; зададов, зададоа; задал; зададев, зададеа; зададел; зададен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 3355
1.
Постави, даде некому како задача да реши нешто.
Примери:
Би сакал да ми одговорите на прашањата што ќе ви ги зададам.
Тој набрзина ја напиша задачата што му ја зададе учителот.
2.
Предизвика некому тешкотија, нанесе некому болка, тага и сл.
Примери:
Твоето писмо ми зададе сериозна загриженост.
Оваа работа ми зададе многу мака.
Слично со:
предизвика (св.)
4.
(се зададе) Се појави, се покаже оддалеку некој или нешто.
Англиски:
appear
Албански:
shfaqet, paraqitet
По патот се зададоа луѓе.
Одоздола се зададоа возила кревајќи зад себе прав.
Од исток се зададоа облаци.
Слично со:
појави (св.)
5.
(се зададе) Се загне, се упати кон некого или кон нешто.
Англиски:
go
Албански:
u dha, shkoj
Кога ги виде, се зададе кон децата.
Тие се зададоа кон шумата со разретчени дабје.
Спроти неа се зададе еден црн пес.
Слично со:
загне (св.)
Изведенки
1.
задава несв.
(се) задаваат
(се) задаваат
2.
задавање ср.
глаг. им.
глаг. им.